Германија ТРЕБА да ги продолжи олеснувањата за исселување за државите од Западен Балкан! С.Р. Германија засега нема донесено формална одлука дека ја продолжува регулативата со која се олеснува добивањето на работна виза за неквалификувана работна сила без познавање на германски јазик. Регулативата на С.Р. Германија за доселување на лица од државите од Западен Балкан е донесена на 28.10.2015 и важи од 01.01.2016 до 31.12.2020 . Целта на оваа регулатива е да се намали бројот на баратели на азил од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора и Србија. Така државјаните на овие држави како безбедни држави ќе имаат пристап до пазарот на трудот во Германија. Единствениот услов за работа во Германија како неквалификуван кадар според Регулативата за доселување на лица од државите од Западен Балкан беше валиден договор за работа од германска компанија. ДО ДЕНЕС Владата на С.Р. Германија НЕМА донесено одлука со која се продолжува оваа ...