Германија ТРЕБА да ги продолжи олеснувањата за исселување за
државите од Западен Балкан!
државите од Западен Балкан!
С.Р. Германија засега нема донесено формална одлука дека ја продолжува регулативата со која се олеснува добивањето на работна виза за неквалификувана работна сила без познавање на германски јазик.
Регулативата на С.Р. Германија за доселување на лица од државите од Западен Балкан е донесена на 28.10.2015 и важи од 01.01.2016 до 31.12.2020. Целта на оваа регулатива е да се намали бројот на баратели на азил од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора и Србија. Така државјаните на овие држави како безбедни држави ќе имаат пристап до пазарот на трудот во Германија.
Единствениот услов за работа во Германија како неквалификуван кадар според Регулативата за доселување на лица од државите од Западен Балкан беше валиден договор за работа од германска компанија.
ДО ДЕНЕС Владата на С.Р. Германија НЕМА донесено одлука со која се продолжува оваа регулатива иако дел од работодавците во Германија имаа побарувања од Германската Влада да се продолжи поради недостатокот на неквалификувана работна сила.
До крајот на 31.12.2020 Владата на С.Р. Германија треба да донесе формална одлука со која ќе се знае дали ќе биде продолжена оваа регулатива.
Медиумот Македонски Прес објави на 23.07.2020 дека „Германија ги продолжи олеснувањата за влез на граѓаните на земјите од Западен Балкан“. Како извор ја има цитирано вестта на Алгемајне Цајтунг од 21.07.2020 - Работниците мигранти: Регулативата за Западен Балкан треба да биде продолжена, што има различно значење „треба да биде“ од „е продолжена“. Информацијата од Дојче Веле која ја има спомнато Македонски Прес за жал не можев да ја најдам на интернет, а се однесува на пасусот:
„Како што се наведува „правилото за Западен Балкан“ е продолжено до 2023, па граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово ќе може да дојдат во Германија независни од стручната подготовка, пишува „Дојче Веле“.“
Исто така порталот emigriko.mk спдели информација со која во насловот, недвосмислено прецизно потвдрдува дека „Германија ја продолжува вонредната дозвола за доаѓање на работна сила од Балканот“. Вака поставениот наслов доведува до конфузија кај читателите и е лажно информирање.

Ги замолувам сите граѓани кои се засегнати од Регулативата за државите од Западен Балкан доколку не се сигурни дека е официјално продолжена да не објавуваат дезинформации, особено НЕ ако се медиуми или медиумски работници. Јас НЕ сум медиумски работник, но доколку си, ОБВРСКА ТИ Е ДА ЈА ПРОВЕРИШ ВЕСТТА ЗА КОЈА ПИШУВАШ.
Од огромна помош за лицата кои работат или ќе работат во Германија е фејсбук групата Makedonier in Deutschland (Македонци во Германија), но и таму често луѓе кои намерно или ненамерно шират дезинформации и споделуваат ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ со кои на некого кој стварно има мака му прават штета.
Comments
Post a Comment