Меѓународната политика и потребите за природен гас на Балканот и ЕУ
Од една страна, Транс Анатолски Гасовод (TANAP - Trans Anatolian Natural Gas Pipeline) е гасоводот од Азербеџан кој поминува низ Грузија напречно преку цела Турција. Блиску до границите на Турција со Бугарија со Грција (Кипои) TANAP продолжува како Транс Јадрански Гасовод (TAP - Trans Adriatic Pipeline) и напречно поминува низ цела Северна Грција и преку Албанија, под Јадранско Море стигнува до Сан Фока во Јужна Италија. Попатно овој гасовод дистрибуира природен гас до сите држави низ кои поминува. Капацитетот на TANAP е 16 милјарди метри кубни природен гас годишно од кои 10 милјарди метри кубни гас би биле за потребите на ЕУ, а со дополнителни инвестиции се очекува капацитетот на TANAP да биде зоглемен за речиси двојно или 31 милјарди метри кубни природен гас. Овој гасовод исто така предвидува поврзување на на Република Македонија преку Грција (кај Гевгелија).
Од друга страна пак, Турски Поток (Turkish Stream) е гасовод кој ги поврзува Русија со Турција преку подводен гасовод под Црно Море. Turkish Stream е надградба на гасоводот Blue Stream, кој требаше да се вика Blue Stream 2, но поради тоа што изградбата на Јужен Поток (South Stream) беше започната во 2012, а во 2014 прекината, како алтернатива се изгради Turkish Stream.
Turkish Stream има капацитет од 31.5 милјарди кубни метри природен гас годишно, од кои 15.75 милјарди кубни метри гас се за потребите на Турција, додека другите 15.75 милјарди кубни метри гас се за потребите на државите од Источна Европа (преку Бугарија, Ќустендил).
Двата гасоводи поминуваат и дистрибуираат природен гас преку Турција.
Гасоводот TANAP, оној од Азербеџан, (преку Грузија) или т.н. про-амерички бидејќи Азербеџан се смета дека е сојузник со САД, додека Turkish Stream е т.н. про-руски бидејќи гасот е од Русија, без разлика што двата транзитираат низ држава членка на НАТО. Борбата околу тоа која држава ќе биде добавувач на природен гас на Балканот е во суштина борба која држава ќе дистрибуира природен гас на западно-европските држави преку Балканот . Се бараат алтернативи на се подостапниот руски гас за европскиот пазар, а Русија бара алтернатива да ја заобиколи Украина поради нарушените билатерални односи.
На Балканот ситуацијата е друга. Борбата е која држава ќе добие привилегија да биде транзит држава за природен гас за транспорт во развиените западно-европски држави, а самиот транзит подразбира процент од финансиите за самата држава. Така Бугарија без разлика дека не успеа да дозволи да се изгради Јужен Тек (South Stream), успеа да дозволи преку Турција да купува природен гас од Русија, што повторно ја прави да биде 100% зависна од рускиот природен гас, дододека самата држава ќе има зголемен профит поради транзитот преку Бугарија до Србија, Македонија и другите држави кои ќе се снабдуваат со природен гас преку Бугарија.
Во Србија пуштен е гасоводот Балкански Тек (Balkan Stream) кој транспортира природен гас од Турски Тек (Turkish Stream) преку Бугарија. Потеклото на овој гас е се разбира од Русија, и со тоа Македонија добива руски природен гас од Бугарија. Сепак Република Македонија сеуште ја нема завршено националната изградба на транспортна гасоводна мрежа, па потрошувачката во моментот од овој гасовод е минимална. Исто така Македонија засега нема привилегија да биде транзитна држава преку која ќе се снабдуваат други држави со природен гас.
Како алтернатива за диверзификација на побарувачката на природен гас за Република Македонија е приклучувањето на Транс Јадранскиот Гасовод (TAP) и со тоа да се задоволуваат потребите на Македонската економија со природен гас од Азербеџан, кој би бил увезуван преку гасовод од Грција, но тоа ќе го оставиме на слободната меѓународна трговија и политичките интереси на државите. Исто така овој гасовод нуди можност преку Република Македонија да транзитира природен гас за соседните балкански држави.
Comments
Post a Comment