Skip to main content

Може да си го избришете задникот со ваучерите од туристичките агенции!?

 Може да си го избришете задникот со ваучерите 

        од туристичките агенции, ако сте уплатиле за патување и ви било откажано поради Covid 19 пандемијата. Голем дел од фирмите на туристичките агенции се веќе ликвидирани или се во стечај.




        Во голем дел од медиумите Владата бомбастично објави дека закажаните патувања во туристичките агенции ќе бидат откажани поради новонастанатата ситуација со Корона вирусот, но „за откажаните туристички аранжмани агенциите ќе даваат ваучери кои ќе важат до крајот на следната година (2021).

    Еве линкови од дел бомбастичните вести: 360степени; Сакам да кажам (за слободоумни)Радио Слободна Европа;   

        После огромната конфузија со донесувањето на Уредби со законска сила кои од ракав си ги увојуваше Владата за време вонредната состојба се креира огромна правна несигурност кај граѓаните, а последиците допрва ќе следуваат. Искрено не верувам да е случајност, туку добро осмислена Уредба со која Шеќеринска (тогашен заменик претседател на Влада) си ја отплати помошта за туристичките агенции со парите на граѓаните со усвојување на Уредба со која ги штити интересите на туристичките агенции. 

    Кој го плаќа цехот кога политичарите носат неодговорно одлуки? Се разбира граѓаните.

    „Во делот на туризам, Министерството за економија изготви уредба со законска сила каде што ќе се издадат ваучери на туристичките агенции во вредност од сумата за уплата на аранжманот откажан поради Корона вирусот. Со оваа мерка ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ од уплатената сума заклучно со 31 декември 2021 година“, изјави Бектеши.- Извор (линк) Радио Слободна Европа 
    Понатаму се додава дека „Ваучерите ќе важат за кое било патување, заклучно до јануари 2021. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира во согласност со двете страни.“; како и дека 
„Ако во меѓувреме некоја агенција затвори и прекине со вршење на дејноста, ќе има обврска парите во целост да им ги врати на клиентите“, рече Бектеши.- Извор (линк) Сакам да кажам

  Впрочем, и во самата Уредба со законска сила за примената на законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба во членот 2 се потврдува тврдењето од медиумите дека „Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должно да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот за туристичкиот аранжман. Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година.“ - стр.2 од Сл. Весник бр. 80 од 27 март 2020 година. Со истава оваа Уредба изнапишале и глоби за правните лица кои нема да ги почитуваат одредбите од членовите на уредбата, само формално и без некаква логичка поврзаност со членот 4.

    Така „ѓаволот се крие во деталите“. Членот 4 од истава оваа Уредба гласи „Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на траење на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот.“ Овој член подразбира дека всушност туристичките агенции имаат одговорност, односно обврска само 
ТРИ МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ПРЕСТАНОК НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА да ви ги вратат парите, што значи после тие три месеци не постои никаква обврска туку може фирмата слободно да ја ликвидираат.

    Така голем дел од туристичките агенции веќе ги ликвидираа фирмите или започнаа стечајна постапка, а вашите ваучери (потврди) што мислите дека до крајот на 2021 година дека ви важат, можете да си го избришете задникот, да направите авионче, или најкорисно и наједноставно да го потпалите огнот за време на студените есенски или зимски денови.


    Овој блог изнесува персонална анализа на содржини од медиуми и анализа на Уредба со законска сила со што се изведуваат персонални заклучоци. 


Блог на #Адвокат



   

    

Comments

Popular posts from this blog

Меѓународните односи и борбата за дистрибуција на природен гас на Балканот (САД в Русија)

  Меѓународната политика и потребите за природен гас на Балканот и ЕУ      Од една страна, Транс Анатолски Гасовод (TANAP - Trans Anatolian Natural Gas Pipeline) е гасоводот од Азербеџан кој поминува низ Грузија напречно преку цела Турција. Блиску до границите на Турција со Бугарија со Грција (Кипои) TANAP продолжува како Транс Јадрански Гасовод (TAP - Trans Adriatic Pipeline) и напречно поминува низ цела Северна Грција и преку Албанија, под Јадранско Море стигнува до Сан Фока во Јужна Италија. Попатно овој гасовод дистрибуира природен гас до сите држави низ кои поминува. Капацитетот на TANAP е 16 милјарди метри кубни природен гас годишно од кои 10 милјарди метри кубни гас би биле за потребите на ЕУ , а со дополнителни инвестиции се очекува капацитетот на TANAP да биде зоглемен за речиси двојно или 31 милјарди метри кубни природен гас. Овој гасовод исто така предвидува поврзување на на Република Македонија преку Грција (кај Гевгелија).      Од друга ст...

Апасиев за пратеничката која заработила преку 60 000ЕУР како адвокат

  Целото видео на Апасиев за хонорарите на пратеничката од 60 000ЕУР може да го погледнете тука.