Меѓународната политика и потребите за природен гас на Балканот и ЕУ Од една страна, Транс Анатолски Гасовод (TANAP - Trans Anatolian Natural Gas Pipeline) е гасоводот од Азербеџан кој поминува низ Грузија напречно преку цела Турција. Блиску до границите на Турција со Бугарија со Грција (Кипои) TANAP продолжува како Транс Јадрански Гасовод (TAP - Trans Adriatic Pipeline) и напречно поминува низ цела Северна Грција и преку Албанија, под Јадранско Море стигнува до Сан Фока во Јужна Италија. Попатно овој гасовод дистрибуира природен гас до сите држави низ кои поминува. Капацитетот на TANAP е 16 милјарди метри кубни природен гас годишно од кои 10 милјарди метри кубни гас би биле за потребите на ЕУ , а со дополнителни инвестиции се очекува капацитетот на TANAP да биде зоглемен за речиси двојно или 31 милјарди метри кубни природен гас. Овој гасовод исто така предвидува поврзување на на Република Македонија преку Грција (кај Гевгелија). Од друга ст...