Skip to main content

Избори 2020 - Адвокат Блог

Парламентарни избори 2020


„Знам дека нема да ми верувате, но највисоката форма на човековата беспрекорност е да се прашува самиот себе си и другите.“ - Сократ

Граѓаните на Република Македонија веќе долго време им веруваат на политичарите и не се сомневаат во нивната чеснот, бидејќи повторно на секои избори ги избираат истите две партии (македонски или албански, сеедно). Диктатурата е повеќе од очигледна. Државата е заробена од два табори на четири политички партии кои 30 години владеат со оваа држава. Нивните дела беа прво привремена референца која требаше да биде само за кратко, после криминалната приватизација, војна (конфликт), арамилак, диктатура, криза, неуспешен референдум, промена на име, пак криза, и замислете, сеуште има за крадење и за исселување.

Избори кои повторно без избор нудат раскажување на прикаски за мали деца, европска иднина и задржување на младите во сиромаштијата, сите заедно со социјал демократи, либерали, зелени, црвени и секакви (со лобирање за укинување на олеснувачките доселувачки политики во Западна Европа), подобрување на работнички права (од националистичката левица), конзервативни (како малку да ни беше од грујо), албански премиер, здружување против албанската вечна партија и што уште не. Повторно сите ветуваат автопати, чист воздух, плати, надоместоци, мед и млеко за граѓаните, и се што ќе им падне на памет додека да завладеат, но кога ќе бидат власт веројатно ништо нема да направат, како што ништо не направија и поседниве 3, па и 30 години. Посебно ги потенцирам последниве 3 години бидејќи можеби граѓаните имаат амнезија за арамилакот сторен последниве 30 години, ама последните 3 се свежи.

Кампањата уште не почната, почнаа да пукаат бомби како Сирија. Интересни беа кога се случија за прв пат. Сите ги слушавме и го потврдија сите она што го знаевме, но никој не се осудуваше да го зборува јавно, бидејќи Големиот Брат (Мики), и слушаше и гледаше. А богами и сериозна работа беше да се „зачачкаш“ со партијата. Сега повторно со истите камења си чукаат главата и едните и другите.

Додека граѓаните си прават сеир, никој не заприметува дека следњето на информациите е веќе институционализирано и дека цело време граѓаните оштетената страна и секогаш некој кој гои избрале ги манипулира или ги повредува нивните човекови права. Не постои никаква сигурност. Секој граѓанин може да биде предмет на преслушкување или снимање. И повторно, никој од политичките елити не презеде одговорност за повредите кои ги нанесоа на граѓаните. Како до сега, така ќе биде и од сега.

Затоа на следниве избори сетете се на Сократ и сомневајте се во секого на овие #Избори2020!

#ПарламентарниИзбори2020 #Избори2020Македонија #Elections2020Macedonia

Comments

Popular posts from this blog

Меѓународните односи и борбата за дистрибуција на природен гас на Балканот (САД в Русија)

  Меѓународната политика и потребите за природен гас на Балканот и ЕУ      Од една страна, Транс Анатолски Гасовод (TANAP - Trans Anatolian Natural Gas Pipeline) е гасоводот од Азербеџан кој поминува низ Грузија напречно преку цела Турција. Блиску до границите на Турција со Бугарија со Грција (Кипои) TANAP продолжува како Транс Јадрански Гасовод (TAP - Trans Adriatic Pipeline) и напречно поминува низ цела Северна Грција и преку Албанија, под Јадранско Море стигнува до Сан Фока во Јужна Италија. Попатно овој гасовод дистрибуира природен гас до сите држави низ кои поминува. Капацитетот на TANAP е 16 милјарди метри кубни природен гас годишно од кои 10 милјарди метри кубни гас би биле за потребите на ЕУ , а со дополнителни инвестиции се очекува капацитетот на TANAP да биде зоглемен за речиси двојно или 31 милјарди метри кубни природен гас. Овој гасовод исто така предвидува поврзување на на Република Македонија преку Грција (кај Гевгелија).      Од друга ст...

Може да си го избришете задникот со ваучерите од туристичките агенции!?

  Може да си го избришете задникот со ваучерите            од туристичките агенции, ако сте уплатиле за патување и ви било откажано поради Covid 19 пандемијата. Голем дел од фирмите на туристичките агенции се веќе ликвидирани или се во стечај.           Во голем дел од медиумите Владата бомбастично објави дека закажаните патувања во туристичките агенции ќе бидат откажани поради новонастанатата ситуација со Корона вирусот, но „ за откажаните туристички аранжмани агенциите ќе даваат ваучери кои ќе важат до крајот на следната година (2021). “      Еве линкови од дел бомбастичните вести:  360степени ; Сакам да кажам (за слободоумни) ;  Радио Слободна Европа ;             После огромната конфузија со донесувањето на Уредби со законска сила кои од ракав си ги увојуваше Владата за време вонредната состојба се креира огромна правна несигурност кај граѓаните, а послед...

Апасиев за пратеничката која заработила преку 60 000ЕУР како адвокат

  Целото видео на Апасиев за хонорарите на пратеничката од 60 000ЕУР може да го погледнете тука.