Русија важи за држава со големи природни богатства, па не е ни чудо што и покрај војната (специјална воена операција по Руски) со Украина, цените на нафтените деривати бележат пад.
Тоа е сосем спротивно на случувањата со нафтените деривати во Западниот Свет. Така по социјалните мрежи се појавија фотографии на кои граѓаните се пошегуваа на своја сметка дека на бензинските низ С. Македонија се продава се за 99 денари. Актуелните цени на нафтените деривати, бензин и дизел во Русија се околу половина УСД. Тоа во денари е помалку од 30 денари по литар. За споредба во Македонија е 3 пати поголема, а во некои Европски држави цената е повисока и за повече од 4 пати.
Оттаму, логички се поставува прашањето на кого најмногу (ќе) влијаат војната помеѓу Русија и Украина и санкциите кои се воведуваат од страна на НАТО сојузот? Се надевам дека за брзо време војната ќе заврши и повторно ќе може да размислуваме каде на одмор, наместо “како ќе се прехраниме“.
Comments
Post a Comment